Вчера во 09.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.Р.(72) од село Вељуса, струмичко и трактор „имт 539“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.(43) од село Баница, струмичко.
Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.(21) од село Баница, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
The post МВР со детали за трагедијата во струмичко во која загина тракторист appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде