декември 22, 2024

На 28.10.2024 околу 23 часот полициски службеници од ПС за граничен надзор Сопот при РЦГР Север го лишиле од слобода Ф.А.(21) од Тирана, Р.Албанија поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”, предвидено по член 418-б од КЗ на РСМ. Околу 23 часот на место викано „Костурник”, кумановско, полициските службеници забележале патничко возило „ауди А3″ со косовски национални ознаки, управувано од пријавениот, во кое имало мигранти. Од страна на полициските службеници бил даден знак возилото да застане, но тоа продолжило со движење во правец на место викано „Езера”-с.Речица, по што излетало од патот. Ф.А. е лишен од слобода, а пронајден е и еден мигрант С.Р.(29) од Непал, а се преземаат мерки за пронаоѓање на другите лица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

The post Приведен криумчар на мигранти appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK