На 29 октомври 2024, во 16:50 часот, претставници од Центарот за социјални грижи (ЦСР) Битола дојавиле до СВР Битола за сериозен случај на семејно насилство, откако во едно од основните училишта во градот било забележано дека ученик се појавил со видливи телесни повреди. Поради сомнеж за семејно малтретирање, тим од ЦСР заедно со училишниот стручeн кадар веднаш интервенирале и извршиле разговор со мајката и сите три деца, кои се ученици во второ, четврто и осмо одделение.
Во текот на разговорите, децата отворено сведочеле дека нивниот татко, идентификуван како Џ.Е. (43) од Битола, секојдневно ги тепал и малтретирал. На основа на нивните изјави и спроведените проверки, полициски службеници од СВР Битола веднаш реагирале и во 20 часот истиот ден го лишиле од слобода осомничениот татко. Против него е поднесена кривична пријава согласно член 201 од Кривичниот законик за „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
Целиот случај го потврдува алармот за заштита на децата од насилство и малтретирање, за што надлежните институции апелираат до граѓаните и образовните установи да го пријават секој обид за насилство и злоупотреба на малолетници. СВР Битола и ЦСР Битола изразија целосна поддршка за заштита и рехабилитација на жртвите, и засилена соработка со институциите за спречување на вакви случаи во иднина.
The post Татко од Битола уапсен откако ги тепал трите малолетни деца appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде