декември 21, 2024

Здружението на просветни работници во Скопје секоја година избира Просветен работник на годината кој треба да исполнува повеќе услови, кои се содржани во Правилникот на здружението за доделување на признанија, пофалби и награди. Покрај условите да има најмалку 15 години искуство во работата во воспитно-образовната дејност, да остварува дополнителна и додатна настава, да има остварени резултати во слободните активности со децата, учениците (освоени дипломи, признанија, пофалници, благодарници и сл.), исто така не смее во моментот на аплицирање да биде на одредена функција, односно не смее да биде директор на установа, услов што беше прекршен при доделување на овогодинешното признание.

За Посветен работник од средното образование за учебната 2023/2024 година е прогласена Даница Стојанова која според податоците кои го добивме од установата, била на функција директор на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ до 16 септември 2024 година, кога е започната веќе новата учебна 2024/2025 година. Со тоа се прекршени условите за добивање на ова признание за Стојанова, но сепак таа е избрана од страна на Здружението на просветни работници Скопје.

За одговор се обративме кон веќе екс директорката, која ни одговори дека се припрема за концерт и нема време да ни одговори на прашањата, па не препрати кон одговорните од Здружението на просветни работници.

Од таму добивме информации дека тие самите ја кандидирале Стојанова и сакале да и го доделат ова признание како нивна долгогодишна истакната членка затоа што како што велат немало никој друг пријавено за избор, а веќе имале избрано просветни работници од градинките и основните училишта, па како што истакнаа ќе било штета да нема и од средното образование.

На прашањето зошто баш Стојанова е избрана, а не е избран некој друг нивен член кој не ги крши правилата, односно не е на функција директор, ни одговорија дека сите останати веќе биле добитници на ова признание и тоа не се доделува по втор пат.

Просветните работницои кои го добиваат ова признание понатаму во својата кариера можат да конкурираат и за многу поголеми и попрестижни награди како што е наградата 13 Ноември. Признанието треба да биде поттик за работа на просветните работници и токму ваквото доделување на признанијата може да делува демотивирачки кон сите останати просветни работници.

Од Здржението на просветни работници потенцираа дека тие се невладина организација, не се финансирани од никој и не се партиски определени, и воедно ги повикаа просветните работници во поголем број да се пријавуваат на нивните конкурси за доделување признанија и награди.

The post Здружението на просветни работници ги прекрши своите правила: За Просветен работник на годината ја избраа директорката Даница Стојанова appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK