На седницата на Советот на Град Скопје, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, истакна дека животните во Зоолошката градина не се виновни за тоа што им се случува поради неспособноста на кадрите на градоначалничката Арсовска.
„На ова раководство на Градот и на Зоолошката градина им се бројат деновите и месеците. Кој и да дојде потоа јас сум уверен дека веднаш ќе настане една револуција во скопската Зоолошката градина затоа што кој било градоначалник по оваа градоначалничка, ќе си го сака многу повеќе Скопје од неа“, нагласи Кирков.
Советникот даде осврт и на последните случувања во Зоолошката градина, каде што, поради лице што било вработено во неа, им била попречена работата на инспекторите од АХВ. За ова и за уште една работа на истото лице му била поднесена и кривична пријава.
„По записникот од страна на МВР, поднесена е соодветна кривична пријава за попречување движење во заразно подрачје, без заштитна опрема. Еве до таму оди безобразноста и како се работи со Зоолошката градина со овој менаџмент и оваа градоначалничка“, додаде Кирков.
The post Кирков: Зоолошката градина во изминативе три години е во најлошата можна состојба appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде