Кејт Даглас повторно го собори светскиот рекорд на 200 градно во кратки базени (25 метри).
Американката на третиот митинг од серијата на Светскиот купо во Сингапур ја запре стоперката на неверојатни 2:12.72 минути.
За речиси секунда и половина го подобри сопствениот личен и светски рекорд (2:14.16), кој го постави пред само шест дена на натпреварот во Инчеон, Јужна Кореја.
Првиот ден во Сингапур го одбележа и Лео Маршанд. Четирикратниот олимписки шампион победи на 100 мешано со 49,92, што е рекорд во Светскиот куп. Светскиот рекорд и понатаму е во сопственост на Кејлеб Дресел со 49,28 секунди.
The post Кејт Даглас го собори сопствениот светски рекорд appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде