декември 21, 2024

Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град Скопје денеска не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во Зоолошка, поднесена од „Зелен хуман град“.

Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ рече дека со ова нема да се оптовари буџетот на Градот и пвика да се спречи понатамошно внесување нови животни во Зоолошката.

– Ако зборуваме дека одиме во 21. век, се стремиме кон еволуција, прво на лично ниво, а потоа и колективно секако, можеме да кажеме дека доволно се грижиме за тоа што нѐ опкружува и дека не би дозволиле, кога веќе ја имаме моќта во наши раце, да дозволуваме да страдаат живи суштества, кои и тоа како чувствуваат болка, страдање, тага, страв, како што чувствува секој од вас, секој од нас, овде, порача Велковска.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков истакна дека животните во Зоолошката градина не биле виновни за тоа што им се случува заради „неспособноста на кадрите на градоначалничката Арсовска“.

– Кој било да дојде потоа јас сум уверен дека веднаш ќе настане една револуција во скопската Зоолошка градина, затоа што кој било градоначалник после оваа градоначалничка ќе си го сака многу повеќе Скопје од неа, нагласи Кирков.

Љубица Јанчева од редовите на СДСМ рече дека нема потреба да ја усвојуваат, зашто со тоа што сме го изгубивме кандидатскиот статус за ЕАЗА, имало мораториум.

Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ зборуваше за неговото искуство со Зоолошката, посочувајќи дека бил вџашен од ситуацијата во која се чуваат животните таму.

The post Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK