декември 21, 2024

Поранешниот кошаркар на Хјустон, Јао Минг, поднесе оставка од функцијата претседател на Кинеската кошаркарска асоцијација (ЦБA).

Во мај оваа година Минг ја напушти функцијата претседател на Кошаркарскиот менаџмент центар на Кина, кој раководи со ЦБА, објави порталот „Јуроохупс“.

Тој ќе биде заменет како претседател на ЦБА од поранешниот потпретседател Гуо Женминг.

Минг беше избран за претседател на ЦБА во февруари 2017 година, а мандатот го продолжи во 2022 година.

За време на неговиот мандат, машката репрезентација на Кина не успеа да се квалификува за Олимпијадата во 2021 и 2024 година, додека женската селекција се пласираше на петтото место во 2021 година во Токио и на деветтото оваа година во Париз.

Женската репрезентација освои сребрен медал на Светското првенство во 2022 година и два златни медали на Азиските игри.

Минг (44) играше за Хјустон во НБА од 2002 до 2011 година, при што осум пати беше Ол-стар. Хјустон го повлече дресот со број 11 на Минг по завршувањето на неговата кариера.

Минг освои три златни медали на Азискиот куп со кинеската репрезентација и стигна до четвртфиналето на Олимписките игри во 2004 и 2008 година.

The post Јао Минг повеќе не е претседател на КС на Кина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK