декември 27, 2024

Петар Грашо (48) и Хана Хуљиќ (33) добија второ дете, објави Јутарњи лист. Вчера утрото се роди нивниот син, кој го крстија Тони. Хана се породила со царски рез.

Според медиумите, породувањето поминало добро, Хана се чувствува добро, а детето името го добило по покојниот дедо на пејачот.

Петар и Хана во април годинава открија дека чекаат второ дете. Петар подоцна изјави дека по нивната ќерка пристигнува син.

Во јули 2022 година, Хана и Грашо ја добија ќерката Алба. Тие се венчаа во февруари 2022 година во црквата Св. Доминика во Сплит, а на венчавката присуствуваа најблиските пријатели и семејството.

The post Петар Грашо стана по втор пат татко, синот го добил името по неговиот дедо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK