На 01.11.2024 година во 14,00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул. „Мице Козар“ во Прилеп, Л.Т. (67) од Прилеп управувајќи тротинет марка „Чико“, во обид да заобиколи товарно моторно возило, загубила контрола над мопедот и паднала на патот.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Следете не, не има насекаде