ноември 23, 2024

На Стефан Стојановиќ и Милош Стојановиќ, ранети во нападот во Готовуша, им била укажана лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа биле испратени на хируршкото одделение во Грачаница

Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранувањето на двете момчиња од српска националност врз кои беше пукано од возило во движење додека носеле бадниково дрво.

Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац собрала информации на терен, го идентификувала и потоа го уапсила осомничениот А.К на возраст од 33 години“.

Приведениот е припадник на косовските безбедносни сили, објави Индекс онлајн, пренесе Косово онлајн.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK