Не е јасно од каде ќе ги добијат тенковите, а тоа е прашање што во моментов го решаваат во меѓусебна координација со сојузниците
Покрај Соединетите Американски Држави, еден од најголемите финансиери и извозници на оружје во Украина секако е и Велика Британија.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли најави дека тенковите „можеби се дел“ од воената поддршка за Украина, пренесува „Скај њуз“.
„Обезбедивме вид на воена опрема што му овозможи на Киев да изврши одлучувачки удар против руски цели. Ќе продолжиме да разговараме со Украинците за тоа што им е потребно за следната фаза од нивната самоодбрана и ќе продолжиме да работиме со нашите меѓународните партнери да го осигураат тоа“, рече Клеверли.
Кога станува збор за тенковите, според него, не е јасно од каде ќе ги набават и дека тоа е прашање што го решаваат во меѓусебна координација со сојузниците.
Дарежлива помош од Англичаните
Лондон финансираше набавка на модерни системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала и артилериска муниција, како и системот M270 MLRS за потребите на Украина, заедно со кој обезбедија и обемна програма за обука на украинските војници со цел да ги обучат за негова употреба.
Инаку, вчера беше најавен нов пакет помош од Америка – околу 50 борбени возила „Бредли“, од Франција – испраќање лесни борбени тенкови, додека од Германија испорака на дополнителна батерија на противвоздушни ракетни системи „Патриот“.беше одобрена.
Следете не, не има насекаде