Арсенал веќе неколку сезони е претендент за титулата во Премиер лигата Причина за тоа се бројните промени во последните години, но „топчиите“ сега ќе останат без еден од главните луѓе.
Спортски директор Еду ќе го напушти стадионот Емирати по пет години минати во клубот, објави „Дејли Мејл“.
Еду дојде во Арсенал на позицијата технички директор, а по три години, поточно во 2022 година, стана спортски директор на клубот. Тој заедно со Микел Артета го врати Арсенал во позиција да се бори за титулата и да биде редовен учесник во Лигата на шампионите.
Еду им најави на луѓето во клубот дека ќе си замине, но останува прашањето кога и зошто си заминува. Соработката меѓу него и Артета беше на завидно ниво, а Еду беше директно вклучен во доведувањето на лидерите актуелниот тим на Арсенал како Мартин Одегард и Деклан Рајс.
Арсенал во среда го пречекува тимот на Интер, а на прес-конференцијата пред тој натпревар би можеле да се знаат повеќе детали за заминувањето на Еду од функцијата спортски директор.
The post Спортискиот директор Еду го напушта Арсенал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде