ноември 15, 2024

Во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, денеска пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод, објави на својата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски.

„По само 4 месеци раководење со министерството успеавме да ја завршиме целокупната процедура која со месеци беше заглавена од претходното раководство, кое покажа апсолутна негрижа за суштинската потреба од дополнителни пловидбени летала, особено во летниот период кога се соочивме со серија на пожари низ целата територија на Македонија. Целокупната процедура ја завршивме без дополнителни финансиски средства по буџетот на министерството. Армијата сега располага со 4 хеликоптери.

Благодарност до вработените кои беа вклучени во постапката, кои вложија максимални напори овој процес да се реализира со цел да бидеме подготвени за периодот што следува“, напиша Мисајловски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK