ноември 15, 2024

Возачот на КТМ, Џек Милер, изјави дека имал среќа неповреден да излезе од тешката несреќа за време на трката за Големата награда на Малезија во Мото ГП.

Инцидентот се случи во неделата во првиот круг од трката во Сепанг, а покрај Милер во инцидентот учествуваа и неговиот тимски колега Бред Биндер и Фабио Квартаро од Јамаха, во чии мотоцикл Милер удри со главата. Потоа возачот на Хонда, Жоан Мир, мина преку нозете на Милер.

На Милер веднаш му била укажана помош, а потоа е пренесен во медицинскиот центар покрај патеката, каде било утврдено дека не е тешко повреден.

„Имав среќа, се извлеков… Ви благодарам на сите за убавите пораки“, напиша 29-годишниот возач на социјалните мрежи.

Трката беше прекината по инцидентот, а кога продолжи, Биндер се обиде да се врати на патеката, но мораше да се повлече поради болки во левото рамо. Квартаро ја заврши трката на шестото место.

„Ова беше добар потсетник за ризиците со кои се соочуваат нашите возачи секогаш кога ќе излезат на патеката. Бред и Џек беа вклучени во сериозен инцидент во првиот круг, но ние сме повеќе од благодарни што и двајцата се добро и што излегоа релативно неповредени“, изјавија од тимот на КТМ.

Претпоследната трка во сезоната ја освои актуелниот шампион Франческо Бања од Дукати пред ривалот за титулата Хорхе Мартин од Прамак. Мартин во последната трка влегива со предност од 24 бода.

Ngeri Jack miller dilindes rider lainnya, balapan disirkuit sepang langsung distop balapan/red flag #MalaysiaGP pic.twitter.com/mUwQ8Z6e1y

— ꑭ (@thesands__) November 3, 2024

The post Џек Милер: Имав среќа, се извлеков appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK