ноември 15, 2024

Вчера во 16.40 часот, во атар на село Болно, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода 47-годишниот С.Д. од Ресен и 45-годишниот Т.Д. од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.

При контрола на трактор со приколка, кој го управувал С.Д., а сопатник бил Т.Д., биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувале никаква документација.

Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсени дрвокрадци: При контрола на трактор пронајдени огревни дрва без документација appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK