СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени, на патот од Кавадарци за Росоман, кај росоманското село Рибарци.
– Денеска во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 8.45 часот во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу„сеат“ со управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ управувано од Б.Ј.(46) од Велес, појаснија од СВР Велес.
Оттаму соопштија дека од здобиените повреди на местото починал М.П.(40) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар.
– Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од СВР Велес.
The post СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде