Педесет и три сателити од Русија и од странско производство беа успешно лансирани рано утринава од космодромот „Восточни“ во областа Амур на рускиот Далечен Исток, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“.
Во соопштението се наведува дека ова е рекорд и дека во орбитата успешно се лансирани 49 руски, еден руско-кинески, еден руско-зимбабвиски и два ирански сателита, пренесе ТАСС.
Амбасадорот на Иран во Москва, Казем Џалали, во понеделникот објави дека Русија денеска ќе лансира два ирански сателита во орбитата со помош на ракета „Сојуз“.
The post 53 сателити успешно лансирани од космодромот „Восточни“ на рускиот Далечен Исток appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде