Зојка Луковиќ, родна 1954 година, излегла од својот дом во Драчево на 31-ви декември, околу 12 часот и и се губи секаков траг. Веќе шести ден трае потрагата по неа, а нејзиниот син Марјан за ,,Фокус” вознемирен од настанот ги открива деталите.
Раскажува дека мајка му немала здравствени проблеми и живееле заедно. Животот го поминала работејќи хонорарни работи, чувала стари лица, се борела да донесе парче леб како самохран родител.
Денес МВР информираше дека таа е пронајдена почината во близина на манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија.
„Денеска (06.01.2023) во 10.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека над манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија – Скопје билa пронајденa починатa З.Л.(68) од Скопје, за која на 31.12.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, информираат од МВР. Fokus
The post Скопјанката Зојка која беше исчезната пронајдена е мртва appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде