И годинава познатите се пофалија како го славеа Бадник и ги покажаа по дома богатите трпези. Некои ја имаа среќата да им падне паричката, па си посакаа целата година да им биде бериќетна.
Во домот на Тамара Тодевска најсреќна беше пејачката, откако претходните две години паричката ѝ се паѓаше на ќерка ѝ Хана. Пејачката Теодора Трајковска исто се пофали ѝ рече дека сега чека да ѝ тргне во животот, а како и претходната и оваа година среќа имаше и блогерката Ивана Јо.
Андријана Јаневска се пофали дека конечно паричката за првпат се паднала кај неа, а во домот на Сузана Гавазова најсреќна беше ќерка ѝ Емили.
Од пејачите среќа имаше и Даниел Дан, а во домот на најдобриот кошаркар Перо Антиќ, паричката се падна кај неговиот среден син Павел. Лила Филиповска годинава Бадник го прослави кај сестра ѝ во нејзиниот роден град Гетеборг во Шведска.
Калиопи, Викторија Лоба, Нора Шаќири, Татјана Стојановска месеа леб и погачи и покажаа како ја подготвиле трпезата, а им посакаа на сите многу среќна и бериќетна година.
The post Бериќетна година за Тамара и Андријана Јаневска, за синот на Перо Антиќ и Гавазова: познатите се пофалија со паричките и Бадниковата софра appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде