Американскиот кошаркар и член на Денвер Нагетс, Арон Гордон ќе отсуствува неколку недели поради повреда.
Според добро информираниот Шамс Чаранија од ESPN, Гордон ќе пропушти неколку недели поради истегнување на листот на десната нога.
Денвер моментално е на деветтото место на Западот со четири победи и три порази. Нагетс имаа лош почеток на сезоната, но сега се во серија од три победи.
Гордон ги одигра сите седум натпревари оваа сезона, каде што имаше просек од 15,4 поени со 6,7 скока и 3,1 асистенции.
The post Денвер неколку недели без Гордон appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде