ноември 15, 2024

Кралицата Камила, сопруга на британскиот крал Чарлс Трети, морала да ги откаже планираните активности и ангажмани за оваа недела поради респираторна инфекција, објави Бакингемската палата.

77-годишната Камила се опоравува во својот дом, но не се откриени детали за нејзината болест, како што е вообичаено кога станува збор за болеста на членовите на кралското семејство.

„Нејзиното височество во моментов не се чувствува добро поради респираторна инфекција, за која лекарите советуваа краток период на одмор и мирување“, изјави портпаролот на палатата.

„Со големо жалење Нејзиното Височество мораше да се повлече од ангажманот оваа недела, но таа искрено се надева дека ќе закрепне на време за да присуствува на прославата на Денот на сеќавањето овој викенд“, додаде портпаролот.

The post Кралицата Камила се разболе и ги откажа планираните активности appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK