Валтери Ботас и Гуанју Џоу следната сезона нема да возат за тимот на Заубер во Формула 1.
Матијас Биното, новиот тимски шеф на Заубер/Ауди, им се заблагодари на двајцата возачи.
„Во разговорот со Валтери заклучивме дека е време за промена. Вратата на нашата куќа секогаш ќе биде отворена за него како и за Џоу“, изјави Биното.
И Ботас и Џоу му се приклучија на тимот во 2022 година. Сезонава Заубер се уште нема освоено ниту еден бод во првенството.
Веќе е договорено Нико Хулкенберг да биде дел од тимот од следната сезона, додека Габриел Бортолето, шампионот во Формула 3 и актуелен лидер во шампионатот во Формула 2, ќе го заземе второто празно место.
BREAKING: Gabriel Bortoleto signs multi-year deal with Kick Sauber
The @formula2 championship leader will graduate to F1 in 2025!#F1 pic.twitter.com/KvNILcGEVy
— Formula 1 (@F1) November 6, 2024
The post Ботас и Џоу го напуштаат Заубер, покрај Хулкенберг доаѓа и Бортолето appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде