ноември 15, 2024

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Летонија (14. ноември) и против Фарски Острови (17. ноември) од Лига на нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонската репрезентација по четири круга во групата од Лига на Нации е на првото место со 10 освоени бода. Математички еден бод од овие два натпревари ќе и го обезбедат првото место на Македонија што значи и пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации.

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча има двајца дебитанти, голманот Марко Алчевски од Хапоел Ерусалим и дефанзивецот од Домжале, Бехар Фета.

The post Милевски повика двајца дебитанти за дуелите со Летонија и Фарски Острови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK