ноември 15, 2024

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд.

Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во детска клиника.

The post Македонски државјанин во Германија избодел жена до смрт пред трите деца appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK