ноември 16, 2024

Познатата и атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ пред неколку дена ги збуни своите следбеници на социјалните мрежи со неколкуте фотографии кои ги објави.

Мартија позираше со гол грб на кој беа испишани неколку различни реченици, но без да прецизира која е причината за тоа.

Но сега е веќе се јасно. Мартија на сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Феномен“ и наиде на бура од позитивни коментари.

Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.

„Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната“, истакна младата пејачка.

The post (Видео) „Еден за друг би убиле, ако сме заедно би полуделе”: Мартија Станојковиќ ја објави „Феномен“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK