ноември 24, 2024

– Тенисерите од Русија и од Белорусија ќе настапат на првиот календарски грен – слем турнир во новата сезона, кој од 16 до 29 јануари ќе се одржи во Мелбурн, соопшти Тениската федерација на Австралија (ТА). 

Во соопштението се посочува дека ТА останува на својот првичен став и покрај барањата да им биде забранет настап на руските и белоруските тенисери на грен – слемот во Мелбурн. 

– Тенисерите од Русија и од Белорусија можат да учествуваат на меѓународни натпреварувања во индивидуална конкуренција, вклучително и на Австралија опен. Тоа соодветствува со принципите, кои ги постави министерот за спорт во земјата, соопшти ТА. 

Претходно, украинскиот амбасадор во Австралија Васил Мирошниченко ја повика ТА да го следи примерот на раводството на Вимлбдон, кое минатото лето, без согласност од АТП и ВТА, им забрани настап на руските и белоруските тенисери на лондонскиот грен – слем. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK