Иако има 37 години, Кристиано Роналдо пред неколку денови го направи еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот. Имено, тој од екипата на Манчестер Јунајтед премина во саудискиот шампион Ал Наср за сума од 214 милиони долари за следните 2.5 години.
Триесет и седумгодишниот португалски фудбалер стана најплатен во светот на спортот откако се префрли во 18-кратниот саудиски шампион.
„Овој договор е уникатен затоа што и јас сум уникатен играч“, изјави Роналдо за време на свеченото потпишување. „Ова не е крај за мене. Лигата на Саудиска Арабија е многу конкурентна. Знам дека луѓето не го знаат тоа“, додаде тој.
Во ноември, Роналдо стана слободен играч откако неговиот договор со англискиот Манчестер Јунајтед беше раскинат со заемен договор поради несогласувањата што ги имаше со менаџерот на клубот, Ерик Тен Хаг.
Роналдо е петкратен освојувач на титула во Лигата на шампионите на УЕФА, четирикратен со шпанскиот клуб Реал Мадрид и еден со Манчестер Јунајтед.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ја предводеше Португалија до титулата на УЕФА ЕВРО 2016.
Следете не, не има насекаде