По повод јубилејот, „80 години Слободен Охрид“, вчеравачер во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа свечена академија која беше пропратена со богата културно-уметничка програма и креативен сценски перформанс.
Пред бројните гости и граѓани свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
може да се постигнат значајни резултати. По принципот на транспарентност и отчетност пред граѓаните, овие резултати се сублимирани и наскоро ќе бидат презентирани.
Почитувани
Еден од најголемите светски лидери, Томас Џеферсон рекол
„Заштитата на слободата е највисоката должност на секој народ“, па затоа посакувам овој мудар цитат да биде основна инспирација и мисла водилка во сите наши понатамошни чекори за обезбедување на посветла иднина.
Како што Охридското Езеро неуморно бранува низ милениумите, посакувам да продолжиме да брануваме со нашата сплотеност и заедно да испишеме нова историја за Охрид, која ќе биде позитивно вреднувана и пренесувана.
Нека ни е честит јубилејот на слободата! Нека им е вечна слава на хероите! Нека е вечен- слободен Охрид!, истакна Пецаков во своето обраќање.
Во рамки на свечената програма беше изведен перформанс во кој преку креативна сценска изведба беа прикажаа сите значајни периоди од историјата на Охрид. Исто така, беа прикажани важни личности и случувања, а беа споменати дел од бројните истакнати охриѓани, кои дале свој придонес за развојот и напредокот на Охрид на повеќе општествени полиња.
На крајот на свеченоста на сцената беа поканети дел од значајните личности кои се уште творат, работат и го промовираат нашиот Охрид. Во името на сите нив свое обраќање пред присутните имаше охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски кој упати честитки за големиот празник на градот со желби за уште поголеми достигнувања, на кои ќе бидат горди идните генерации.
Историскиот осврт кој беше користен за мултимедијалната изведба го подготви м-р Михаил Патчев, а на сцената настапија околу 500 учесници од сите општински основни и средни училишта. Перформансот беше придружуван од членовите на Охридскиот градски оркестар под раководство на Љупчо Аслимоски, Охридскиот градски хор под диригентската палка на маестро Бурим Хидри и членовите на КУД „Ѓердан од бисери“. За видео проекцијата со историски материјали од Охрид се погрижи Даниел Наумоски, а воведниот дел од настанот започна со проекцијата „Охрид од високо“ на младата фотографка Нина Ангелоска.
Следете не, не има насекаде