На 06.11.2024 во 21.10 и 21.30 часот во близина на с.Костурник, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.
Претходно, околу 19.15 часот во близина на с.Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство”, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П..
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти” по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Приведени двајца криумчари на мигранти appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде