ноември 14, 2024

Пејачката Џенифер Лопез (55) ги однела близнаците Ема и Макс на ручек во ресторанот Нобу во Лос Анџелес.

Со нив бил и нејзиниот менаџер Бени Медина, но судејќи по видеото кое се шири на интернет, изгледа дека она што Џеј Ло го замислила како мирен семеен излет завршил во прилично тензична ситуација.

На видеото објавено на Јутјуб, се гледа како обезбедувањето на ресторанот им приоѓа на насобраните фотографи, велејќи им да го напуштат имотот. По ручекот, Џенифер го напуштила ресторанот и со децата се упатила кон автомобилот, додека обезбедувањето повторно било принудено да интервенира кај фотографите.

Додека тие продолжиле да ја фотографираат пејачката, обезбедувањето овојпат им рекло малку погрубо да се оддалечат. Снимката потоа станала малку „хаотична“ поради тресењето на камерата, а во еден момент може да се слушне како еден од фотографите се жали дека маж го удрил по лицето. Обезбедувањето станало погласно во неговите приговори, велејќи дека следниот пат ќе повика полиција.

The post (Видео) Џеј Ло ги однела децата во ресторан, обезбедувањето направи инцидент на паркинг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK