ноември 12, 2024

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД УБИЕНА Е ПАРТИЗАНКАТА ЈАСНА РИСТЕСКА

Јасна е родена на 7 ноември 1927 година, во охридското село Рамне, во семејството на Методи Ристески. Била единица, крстена во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти. Многу мала останала без мајка, а подоцна за неа се грижела маќеата Менка. По смртта на Јасна и завршувањето на Втората светска војна, во семејството на Методи и Менка Ристески се раѓаат пет деца

Jасна завршила четврто одделение во Рамне, a на 15-16 годишна возраст станала слугинка кај тогашниот охридски градоначалник Анастас Чорбев. Била убава,вредна, мила девојка. Иако имала ситна конституција поседувала силен карактер. Многу убаво пеела и ја сакала песната. Јасна само што зачекорила во младоста,како и сите млади луѓе имала свои сништа. Сонувала да живее подобар и подостоинствен живот.Тоа било пресудно да се вклучи во партизанското движење со другарките Јорде Серафимова и Благунче.

Ноќта на 6 ноември пред нападот, колоната партизани од планината Караорман се спуштила во селото Мешеишта, а била предводена од командантот Стефан Врбица. На ридот Чекоштина, партизаните биле забележани од германската војска која почнала да ги гаѓа со минофрлач од кај Калето. Јасна, во обид да му помогне на ранетиот другар била разнесена од граната. Животот на Јасна згаснува на денот на нејзиниот 17 роденден.

Носителка е на Партизанска Споменица 1941.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK