Пред две години, за време на судењето на Џони Деп и Амбер Херд, вниманието на луѓето го привлече неговата убава адвокатка Камил Васкез. Многумина тогаш се надеваа дека меѓу нив ќе се роди љубов. Таа сега откри зошто тоа не се случило.
„Да бидам појасна, никогаш не сум била со Џони Деп ниту сум сакала. Мислам дека тој е прекрасна личност, но не е мој тип“, рекла таа и нагласила дека се уште се во редовен контакт, пренесува Њујорк Пост. Таа објасни дека гласините биле толку силни во тоа време што дури и им се јавила на родителите во еден момент за да се увери дека тие дефинитивно знаат дека таа не е романтично поврзана со актерот.
Камил, која брзо се прослави работејќи на случајот, истакна дека за време на нејзините први средби со Џони, сфатила дека тие двајца се сосема различни. „Се сеќавам, откако разговарав со него половина час, мислев дека тој гледа на светот поинаку од мене. Мислам, тој дефинитивно користи друг дел од мозокот, тој е уметник“, објасни таа.
Таа исто така откри дека допрва треба да ги гледа „Пиратите од Карибите“ и дека гледала само еден негов филм – „Чоколадо“ од 2000 година.
За потсетување, поротата донесе пресуда во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврдеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати. Актерот го доби случајот, а Амбер Херд беше прогласена за виновна.
Камил Васкез доби унапредување во адвокатската канцеларија Браун Рудник откако Деп го доби судскиот спор. Канцеларијата објави дека таа е промовирана во партнер, што е круна на нејзината правна кариера. Во соопштението се вели и дека промоцијата се должи на нејзината одлична работа на случајот Деп против Херд, кој медиумите го нарекоа шоубиз судење на векот и кој доби огромен публицитет.
The post Се сеќавате на убавата адвокатка на Џони Деп: таа проговори за нивната врска appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде