ноември 12, 2024

20-годишен жител на Гостивар додека бегал од полицијата со својот автомобил фрлил автоматска пушка.

„На 06.11.2024, околу 23:50 часот, 20-годишниот Л.Ј. од Гостивар бил лишен од слобода по опасна потера со полицијата. За време на бегството, додека се движел со своето возило мерцедес со гостиварски регистарски ознаки, Л.Ј. фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми од прозорецот на возилото. Пушката била пронајдена и одземена од полицијата“, велат од МВР.

Момчето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следи пријава по член 396 од Кривичниот законик. Полициските власти продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности на инцидентот.

The post 20-годишен гостиварчанец не застанал на полиција па при бегство фрлил автоматска пушка appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK