ноември 12, 2024

Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово, од кои едното за време на час од соученик, а другото од 42-годишник во училиштниот двор.

Првиот случај на насилство, за кое информираа од полицијата, се одвивало вчера за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, кога дете било физички нападнато од друг ученик.

За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.

Во вториот случај, тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(42) од Боговиње, тетовско, кој во јуни во двор на основно училиште во селото, физички нападнал малолетник.

The post Две деца нападнати во основни училишта – едното од соученик на час, а другото од 42-годишник во двор appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK