ноември 9, 2024

Кошаркарите на Олимпија од Милано го совладаа Реал Мадрид со 85:76 во 8. коло од Евролигата. Двата тима се на скор од три победи и пет порази. Реал се уште е без победа на гостински терен од почетокот на сезоната. Најдобриот меч од доаѓањето во Милано го одигра Ненад Димитријевиќ.

Избраниците на Еторе Месина многу брзо го наметнаа својот стил на игра и беше јасно дека Реал ќе има проблем. Единствен расположен беше ветеранот Серж Ибака.

Во тие воведни 10 минути, тимот на Олимпија постигна 24 поени, а четвртината ја добија со осум поени разлика.

Реал се распадна во вториот период, Олимшпија направи серија 18:3 и веќе тука ја најави победата.

Ненад Нено Димитријевиќ беше најефикасен со 22 поени (15 постигна во првиот дел), Зек Ледеј постигна 17 поени, забележа 8 скока и 2 асистенции, а новиот играч Нико Манион постигна 11 поени, имаше скок и 5 асистенции.

Серж Ибака беше најефикасен кај Реал со 13 поени и 4 скока, исто толку додаде и Марио Хезоња, додека Габриел Дек имаше 11 со 3 скока и 2 асистенции, а 10 поени и 9 скока беше учинокот на Валтер Еди Таварес.

The post Димитријевиќ и Милано го растурија Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK