Ветеранот Николас Отаменди веројатно ќе ја напушти Бенфика во јануарскиот преоден рок и покрај тоа што иа договор со клубот до крајот на сезоната.
Отаменди е капитен незаменлив член на стартната постава на Бенфика, но во зимскиот преоден рок ќе го смени клубот и ќе се врати во родната Аргентина.
Тој ќе игра за Ривер Плата, како што објави новинарот Ренцо Пантиќ.
Отаменди е во Бенфика од 2020 година, а претходно играше за Велез Сарсфилд, Порто, Валенсија, Атлетико Минеиро и Манчестер Сити.
За аргентинската репрезентација одигра дури 121 натпревар и постигна седум гола. Стана Светски првак во 2022 и ја освои Копа Америка една година подоцна.
The post Бенфика ќе остане без капитенот – Отаменди се враќа дома appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде