Тренерот на Ливерпул, Арне Слот не е изненаден од добриот старт во новата сезона и истакнува дека бил многу свесен за силата на тимот што го наследил од Јирген Клоп.
Од 16 одиграни натпревари, Ливерпул победи на 14, има едно реми и еден пораз. На „Енфилд“ се надеваат дека и по саботниот дуел со Астон Вила ќе останат на врвот на табелата во Премиер лигата.
„Не можам да кажам дека сум изненаден, тоа не е добар збор, бидејќи ја знаев силата на овој тим уште пред да дојдам. Но, квалитетот е едно, конзистентноста е сосема друго“, изјави Слот на прес-конференцијата во петокот.
„Понекогаш ви треба и малку среќа. Поголемиот дел од резултатите сезонава беа заслужени, но некои можеа да имаат и поинаков исход. Кога почнав да работам со тимот, видов колку труд вложуваат за да ги постигнат овие резултати“, додаде Холанѓанецот.
Слот потврди и дека се уште не може да смета на Диого Жота кого не го очекува на теренот пред крајот на ноември. Жота се повреди на 20 октомври на дуелот со Челзи. Сепак, тој не сакаше да објасни за што се работи:
„Тој ќе се врати на првиот или вториот натпревар по репрезентативната пауза. Тоа е приватна работа“.
Ливерпул во сабота од 21 часот ја пречекува Астон Вила.
The post Слот за повредата на Жота: Тоа е приватна работа appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде