ноември 13, 2024

Фото/ facebook.com/rfmofficial

Ракометната репрезентација на Македонија доѓивеа пораз во Литванија (29:27) во второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство.

Избраниците на Кирил Лазаров, како и пред четири дена против Естонија во Скопје, одиграа натпревар со премногу осцилации. Против Естонија победија, но во Литванија не може да извадат поволен резултат.

Токму таквите осцилации, загубените топки и литвакскиот голман Рашимас ја однесоа Македонија во пораз.

Литваците беа подобри во првто полувреме, ја имаа и најголемата предност на натпреварот од четири гола (9:5). Македонија успеа да фати приклучок и на полувреме да замине само со гол негатива.

Во вториот, македонските ракометари имаа предност (15:14 и 19:18), но попуштија во последните 12 минути.

КУзмановски со осум и Серафимов со пет гола ги предводеа стрелците кај Македонија, додека голманот Кизиќ имаше 10 одбрани. На спротивната страна апсолутен херој стана голманот Рашимас со 15 интервенции.

Квалификациите за пласман на Европското првенство ќе продолжат наредната година, на 12.март Македонија ќе ја пречека Словенија.

The post Ракометарите поразени во Литванија во квалификациите за пласман на ЕП appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK