Напаѓачот на Челзи, Кристофер Нкунку ги разгледува опциите да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок.
Французинот е во втор план кај Енцо Мареска, нема доволно минутажа, освен во Конференциската лига за која никој не е заинтересиран.
Интересно е тоа што Енкунку е најдобар стрелец на Челзи во сите натпреварувања, во досегашниот тек од сезоната има постигнато 10 гола, но повеќето од нив во квалификациите, а потоа и во Конференциската лига (6), два во Лига купот и само еден во Премиер лигата. .
Се споменува дури и можност да биде купен од Манчестер јунајтед, а ситуацијата внимателно ја следат и во ПСЖ, клуб со кого и претходно беше поврзуван. Се очекува ПСЖ во јануари да го напушти 90 милиони евра платениот Рандал Коло Муани.
Челзи за Нкунку издвои 60 милиони евра, но тешката повреда го спречи да се наметне.
Нкунку има 26 години и може да покрие повеќе позиции во нападот.
The post Нкунку сака да го напушти Челси, ситуацијата ја следат Јунајтед и ПСЖ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде