Фудбалерите на Манчестер Јунајтед немаат водство по првото полувреме на мечот на домашен терен од ФА купот против Евертон (1-1), а најголем виновник за тоа е нивниот голман, Давид Де Хеа.
Ентони го отвори резултатот по само четири минути, но радоста на „ѓаволите“ траеше само десетина минути со оглед што Кади изедначи за гостите. Де Хеа прими пацерски погодок, откако топката крајно нејасно мина низ неговите нозе, по што противничкиот фудбалер немаше проблем да ја смести во небранетата мрежа.