Македонската ракометна репрезентација одигра релативно солидно во првото полувреме против Хрватска (19-22) на воведниот меч на „Кроација купот“ во Пореч, особено во нападот каде што игравме брзо и атрактивно.
Но, да не биде се идеално, одбраната не беше на исто ниво, за што говори бројот постигнати голови на противникот, кој речиси да го реализира секој шут упатен кон нашиот гол.