ноември 15, 2024

Вчера (12.11.) околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично).

Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан” со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Запленети над 3000 пиротехнички средства на ГП Јажинце appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK