ноември 15, 2024

Тешка сообраќајна несреќа го потресе Охрид откако автомобил излетал од патот на релацијата Охрид – Св. Наум, во близина на населбата „Елешец“. Во несреќата животот го загуби 18-годишниот Д.Ц. од Охрид, додека неговиот 16-годишен сопатник се здоби со тешки телесни повреди.

Според изјавата на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, трагичниот настан се случил во раните утрински часови, околу 01:15, кога автомобил „Пежо“ кој го управувал загинатиот, излетал од патот под сè уште неразјаснети околности. На местото на несреќата, доктор од Итната медицинска помош ја потврдил смртта на возачот.

Шеснаесетгодишниот сопатник бил веднаш пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде што му биле констатирани сериозни повреди. Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи извршија увид на местото на несреќата, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција.

The post Трагедија на патот Охрид – Св. Наум: Осумнаесетгодишно момче загина, а шестнаесетгодишник тешко повреден appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK