На 13.11.2024 во 16.15 часот во близина на с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода У.Х.(61) од Косово. При преглед во возилото „фиат добло” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар „Винојуг” за понатамошна постапка. У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Приведен криумчар на мигранти appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде