ноември 14, 2024

Ѓерданoт обложен со дијаманти за кој се верува дека е поврзан со скандалот што го забрза падот на последната француска кралица Марија Антоанета во 18 век и доведе до нејзиниот трагичен крај, вчера беше продадена на аукција во Женева за 4,26 милиони швајцарски франци (околу 4,55 милиони евра).

Ѓерданот, во кој се вградени 300 каратни дијаманти, пред аукцијата се проценуваше на околу 2,13 милиони евра, објави претходно аукциската куќа Сотби, пренесува Ројтерс.

Парчето накит беше во центарот на скандалот во 1780-тите, познат како „Афера на дијамантскиот ѓердан“, во кој благородничката Жана де ла Моте, преправајќи се дека е француската кралица Марија Антоанета, зела ѓердан од златара во име на кралицата без да плати за тоа.

Судењето ја прогласи кралицата за невина, но скандалот ги подгреа гласините за екстравагантноста на Марија Антоанета што, меѓу другото, ги поттикна француските револуционерни власти да ја осудат на гилотина.

The post Огромниот дијамантски ѓердан на Марија Антоанета продаден за 4,5 милиони евра, поврзан е со скандалот поради кој заврши на гилотина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK