Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Ф.Р.(24) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 09.11.2024 околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица извршиле преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што биле пронајдени девет лица мигранти, од кои седум од Ирак и двајца од Сирија, информираа од МВР.
The post Турчин фатен како криумчари мигранти appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде