Францускиот национален комитет за контрола и управување (ДНЦГ) одлучи условно да го исфрли фудбалскиот клуб Лион од Лига 1 доколку не ја стабилизира финансиската состојба до крајот на сезоната.
Како што пишува „Монд“, ДНЦГ му забрани на Лион да реализира трансфери во зимскиот преоден рок и ќе има целосна контрола врз финансиската состојба на клубот.
По состанокот со претставниците на ова тело, сопственикот на Лион, Џон Текстор изјави дека е уверен дека се е во ред и дека не знае како регулаторот гледа на ситуацијата во клубот.
„Верувам дека ДНЦГ е независен од некои притисоци што ги гледате. Имаме многу непријатели во раководството на лигата, како и голем клуб од Катар“, рече Текстор, мислејќи на Пари Сен Жермен, кој е во сопственост на катарското кралско семејство.
Текстор е еден од косопствениците на Кристал Палас и најголем акционер на бразилски Ботафого.
Претходната сезона Бордо испадна од француската втора лига во четврта поради лоша финансиска состојба.
Лион е на петтото место на табелата во Лига 1 со 18 бодови, додека во Лига Европа е на деветтото место со седум освоени бодови.
The post Лон условно исфрлен од Лига 1 appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде