ноември 16, 2024

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираше низа секојдневни редовни активности за чистење на повеќе локации во строгиот центар на градот.

Активностите се одвиваа во Паркот на жената-борец, каде што беше извршено рачно миење и метење на целокупниот простор, вклучително и големата фонтана во Паркот. Отстранување на ситните отпадоци, рачно метење и миење е реализирано и на спомениците лоцирани на плоштадот Македонија, како и во реонот на Домот на АРМ и Спомен-куќата на мајка Тереза.

Воедно, екипите на Претпријатието ги спроведоа и своите секојдневни редовни активности за празнење на контејнерите и чистење на целокупната микролокација зад објектот на Телеком, на кејот „13 Ноември“, каде што во последниот период е забележана зачестена појава на диви депонии. Во рамките на денешните редовни активности во централното градско подрачје беа подигнати и транспортирани десет кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини.

The post „Комунална хигиена“ спроведува секојдневни активности за одржување на хигиената на централното градско подрачје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK