ноември 17, 2024

Германија и Холандија го освоија првите две места во Групата 3, во А дивизијата и се пласираа во четвртфиналето во Лигата на нации. Двете селекции на домашен терен забележаа убедливи победи над Бих, односно Холандија.

Германија ја декласира БиХ со 7:0 и ја испрати назад во Б дивизијата. За БиХ ова е најтешкиот пораз во историјата на фудбалската репрезентација. Досега двапати загубија со 5:0, од Португалија во квалификациите за ЕП 2023 и од Аргентина во пријателски меч во 1998. Португалците ги надиграа и во подготвителен меч во 2011 година со 6:2.

Домашните поведоа во втората минута со голот на Џамал Мусијала на асистенција на Џошуа Кимих, кој потоа во 23. минута му аиситираше и на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Тим Клајндинст.

Во 37. минута Германија го постигна третиот гол, кога Флоријан Вирц му асистираше на Каи Хаверц.

Асот на Баер потоа погоди два пати, во 50. и 57. минута, а дебаклот на БиХ беше комплетиран со головите на Лирој Сане (66′) и Клајндинст (79′).

Холандија убедливо славеше над Унгарија со 4:0. „Лалињата“ по два гола постигнаа во двете полувремиња. Два пенали доби Холандија во првиот дел, стрелци беа Вегхорст и Гакпо. Во второто полувреме по еден гол постигнаа Дамфрис и Копмејнерс.

Share

The post (Видео) Германија ја декласира БиХ, Холандија убедливо ја совлада Унгарија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK